Дома Топ вести ТРАНСФЕРИ ВО ЖИВО: Лудница на Островот – последен ден за трансфери во Англија!

ТРАНСФЕРИ ВО ЖИВО: Лудница на Островот – последен ден за трансфери во Англија!

transferi

ПОСЛЕДЕН ДЕН ОД ПРЕОДНИОТ РОК ВО АНГЛИЈА! Па секако најголемиот број вести ќе ни доаѓаат од Островот! Преодниот рок во Англија се затвара денес во 18:00 часот. Со Спортски бидете во тек со СЕ што се случува!

Матео Ковачиќ утрово ја комплетираше позајмицата во редовите на Челзи (ОВДЕ)


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


– Официјално: Лукас Перез од Арсенал е нов фудбалер на Вест Хем.

– Жером Боатенг кој беше голема желба на Жозе Мурињо, на крајот изгледа ќе заврши во редовите на Пари Сен Жермен. „Светците“ за овој трансфер се очекува да издвојат околу 45 милиони евра. (ОВДЕ)

– Од Реал порачуваат дека пишувањата на Италијанците дека Модриќ порано го напуштил тренингот се апсолутна лага и глупост. (ОВДЕ)

– Трансферот на Никола Калиниќ во Атлетико Мадрид кој е веќе договорен на крајот би можел да пропадне. (ОВДЕ)

– Фулам не застанува и во последниот ден. Клубот од Лондон покажува интерес за голманот на Севиља, Серхио Рико, нивна мета и Мартин Монтоја. Доколку доведат некое засилување овој клуб ќе надмина границата од 100 милиони евра.

– Официјално: Манчестер Сити го доведе играчот за врска Даниел Арзани од Мелбурн Сити. Овој фудбалер има 19 години и беше најмладиот играч на Мундијалот во Русија. (ОВДЕ)

– Мурињо утрово изјави дека според неговите извори Јунајтед нема да купува во финишот, но „Скај Спорт“ само еден час подоцна лансираше вистинска бомба – Јунајтед работи на трансферот на Диего Годин! (ОВДЕ)

– Украинецот, Зинчеко од Манчестер Сито одби да се пресели во редовите на Вулверхемптон.

– Претставници на Евертон се наоѓаат во Барселона каде што го договараат трансферот на Јери Мина.

– Бекот на Тотенхем, Дени Роуз би можел да ги напушти „петлите“ за неговите услуги интерес покажува германски Шалке.

Дедонкер од Андерлехт би можел да биде последното засулување за тимот на Вулверхемптом, медиумите на Островот најавуваат дека трансферот е пред реализација.

– „Скај Спорт“ тврди дека Тотехем нема да се обиде да го доведе Џек Грлиш од Астон Вила.

– Како и што се очекуваше Тибо Куртоа успешно ги помина медицински прегледи во Мадрид, наскоро се очекува и потпишувањето на договорот.

– Изгледа кратко траеше надежта на Манчестер Јунајтед за Диего Годин, според италијанскиот новинар Фабрицио Романо, Годин ги одбил „црвените ѓаволи“

– Стигна и потврда од „Скај“: Годин експресно го одби Манчестер Јунајтед, целата приказна траеше помалку од еден час!

– Потпиша и Тибо Куртоа!

– Повторно се појавуваат гласини за потенцијалниот трансфер на Марсело во редовите на Јувентус (ОВДЕ)

– Најнова вест поврзана со Жером Боатенг: Финансискиот фер плеј им прави проблем на „светците“ трансферот е доведен во прашање. (ОВДЕ)

– 23 годишниот Кастаљехо од Виљареал се наоѓа на мета на Реал Мадрид и Милан (ОВДЕ)

– Тимот на Фулам до крајот на преодниот рок (18:00) часот би можел да потврди дури пет засилувања. Стануза збор за: Голманот Серхио Рихо, Џо Брајан, Андре Ангис, Мартин Монтоја и Лусијано Вието!

– БОМБА ВО ФИНИШОТ: Арсенал понудил 100 милиони евра за Осман Дембеле! 

Андре Гомеш и Јери Мина наводно во овие моменти заедно ги минуваат медициските прегледи во Барселона, а веднаш потоа се очекува потврда за нивниот трансфер во Евертон.

– Официјално: Леандер Дедонкер нов фудбалер на Вулверхемптон

– Официјално: Фулам потврди две големи засилувања – Лучијано Вието од Атлетико Мадрид и Фосу-Менса од Манчестер Јунајтед.

– Милан се ослободува од четворица фудбалери од средниот ред за да донесе две нови засилувања (ОВДЕ).

– Официјално: Никола Калиниќ е нов играч на Атлетико Мадрид.

-Арсенал постигна договор со Бешикташ за трансфер на голманот Давид Оспина (ОВДЕ).

– Официјално: Евертон на 10 минути пред затворањето на трансфер пазарот го потврди и трансферот на Бернард, кој потпиша 4-годишен договор.

– Колумбискиот репрезентативец Карлос Санчез го засили Вест Хем. Играчот доаѓа на едногодишна позајмица од Фиорентина.

– Барселона официјално потврди дека постигнала договор со Евертон за едногидишна позајмица на Андре Силва.

-ГОТОВО: ЗАТВОРЕН ТРАНСФЕР ПАЗАРОТ ВО АНГЛИЈА!

– Наполи е блиску до трансфер на мексиканскиот голман Очоа. Треба да пристигне на едногидишна позајмица од Стандар Лиеж.

– Официјално: Џејми Варди го продолжи договорот со Лестер до 2022 година.

– Милан и Саусоло преговараат за трансфер на Мануел Локатели. „Росонерите“ би требало да инкасираат 12-13 милиони евра, но ќе имаат можност да го вратат играчот во следните две години.

– Доколку не успее трансферот на Модриќ, Интер ќе се насочи кон Леандро Паредес од Зенит.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Скапото засилување на Ливерпул се сели во Реал Мадрид

Реал Мадрид е заинтересиран за играчот од средниот ред на Ливерпул, Алексис Мекалистер.  Ш…