Дома Трансфер зона Милан и Реал ја сакаат ѕвездата на Виљареал

Милан и Реал ја сакаат ѕвездата на Виљареал

Италијанските медиуми пренесуваат дека Милан е силно заинтересиран за крилниот напаѓач на Виљареал, Самуел Кастаљехо.

23-годишниот Кастаљехо одигра фантастична сезона во Примера и го привлече вниманието на многу европски гиганти.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Милан наводно веќе започнал преговори со Виљареал кој за слободата на својата ѕвезда бара 30 милиони евра. Меѓутоа, „жолтата подморница“ е заинтересирана за Карлос Бака, па двата клуба можат направат трампа.

Сепак, на „росонерите“ нема да им биде така лесно да стигнат до потписот на Кастаљехо, бидејќи последните информации од Шпанија говорат дека и Реал Мадрид е заинтересиран за играчот.

Лопетеги во него гледа идеална алтернатива за крилните позиции, па останува да видиме кој ќе стигне прв до потпот на Шпанецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Барселона и Наполи спремаат голема трампа

Квича Кварацхелија беше вистинско откритие на Серија А минатата сезона и го привлече внима…