Дома Топ вести ТРАНСФЕРИ ВО ЖИВО: Кинеското лудило ја тресе Европа – се нудат милиони на сите страни!

ТРАНСФЕРИ ВО ЖИВО: Кинеското лудило ја тресе Европа – се нудат милиони на сите страни!

transferi

Трансфер пазарот ширум Европа влегува во самата завршница – се затвара утре на полноќ! БИДЕТЕ ВО ТЕК СО СЕ ШТО СЕ СЛУЧУВА!

– БУМ! Кинески Далијан понудил 60 милиони евра за Чиро Имобиле, 50 за Белоти и 75 за Диего Коста! Овој клуб ќе се обиде да купи голгетер до утре на полноќ. (ОВДЕ)


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


– Официјално: Сандро Вагнер го напушти Баерн и потпиша за Тијанџин Теда од Кина. Вагнер во овој клуб ќе заработува 15 милиони евра по сезона – потпиша договор на две години.

– Готово: Амин Јунес од Наполи се сели на позајмица во Селта до крајот на сезоната.

– ДОГОВОРЕНО: Домагој Вида утре пристигнува на прегледи во Рим – потпишува договор со Рома! (ОВДЕ)

Денес Суарез лета за Лондон, денес го комплетира трансферот во Арсенал.

– Кога сме веќе кај Арсенал: „Скај Спорт“ пренесува дека „топџиите“ се откажале од  Иван Перишиќ и ќе се обидат да го доведат Јаник Караско од Далијан.

– ОДБИЕНО: Марек Хамшик ја одбил и третата понуда да се пресели во редовите на Гвангжу.

– Официјално: Сампдорија го откупи договорот на Емил Аудеро од Јувентус за 20 милиони евра. Аудеро така стана трет најскап голман во Серија А и петти во светот (ОВДЕ)

– ДОГОВОРЕНО: Ентони Марсијал договори продолжување на соработката со Манчестер Јунајтед до 2024 година – наскоро официјализирање.

Марсијал останува, Фелаини и дефинитивно заминува: Сите островски медиуми пренесуваат дека Белгиецот ќе премине во кинески Шандог каде што ќе добие плата од 13 милиони евра по сезона. Трансферот би требало до крајот на денешниот ден или утре наутро да биде потврден.

– Како што е познато Барселона го обезбеди потписот на Жан Клер Тодибо од Тулуз за на лето, но дел од каталонските медиуми пишуваат дека Барселона ќе се обиде да ги убеди Французите да го добие во овој преоден рок (време имаат до утре на полноќ).

Сари за ситуацијата со Азар:

„Ако сака да замине тоа и ќе се случи“.

– БОМБА: Барселона е спремна да го продаде Кутињо на Манчестер Јунајтед! (ОВДЕ)

– Официјално: Шалке го купи 18 годиншниот фудбалер на Манчестер Сити, Раби Матондо.

– Лион покажува интерес за Оливие Жиру. 

– Одличниот српски напаѓач, Никола Јовиќ се најде на мета на Реал Мадрид! (ОВДЕ)

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Баерн спрема нова понуда за Араухо

Баерн Минхен не се откажува од дефанзивецот на Барселона, Роланд Араухо, пренесуваат герма…