Дома Топ вести Реал ја најде замената за Бензема: Србинот е трансфер цел број еден на „кралевите“

Реал ја најде замената за Бензема: Србинот е трансфер цел број еден на „кралевите“

Српскиот голгетер на Ајнтрахт Франкфурт, Лука Јовиќ е главна трансфер мета на Реал Мадрид за следното лето, пренесува „АС“.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Мадридскиот весник тврди дека „кралевите“ во Јовиќ гледаат долгорочно решение за нападот, како и можен наследник за Карим Бензема.

21-годишниот напаѓач ја игра најсилната сезона во кариерата и до сега на 25 меча во сите натпреварувања постигна 18 гола и 4 асистенции. Тоа во просек значи дека постигнува гол на секои 85 минути.

Јовиќ е во сопственост на Бенфика, но Ајнтрахт има право да го откупи неговиот договор за 23 милиони евра, што сигурно ќе го стори.

Моменталната вредност на Јовиќ е помеѓу 40 и 50 милиони евра, сума која нема да претставува проблем за „кралевите“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Адреналин, природа и предизвик: Пријави се за GOLAK TRAILS 2026

Голак повторно ќе биде домаќин на љубителите на планинското трчање – пристигнува GOLAK TRA…