Во завршницата од преодниот рок би можеле да видиме вистинска трансфер бомба!
Кинески Далијан е одлучен да во намерата да го потресе фудбалскиот трансфер пазарсо голема зделка во финишот (во Европа). Трансфер пазарот во Кина ќе биде затворен за еден месец, но Далијан „брка“ големо засилување до утре на полноќ бидејќи клубовите од Европа сигурно после затварањето на преодниот рок потешко ќе продаваат.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Овој клуб сака звучно име во нападот и започнаа да испраќаат понуди ширум Европа.
Прво понудија 60 милиони евра на Лацио за Чиро Имобиле, но римскиот клуб експресно ја одбил понудата.
Потоа нова мета била Андреа Белоти од Торино за кого понудиле 50 милиони евра.
„Добивме голема понуда за Белоти, но сопствникот на крајот ја одби“, откри вчера спортскиот директор на Торино Џанлука Петраки.
На крајот тргнале по Диего Коста!
Доаѓањето на Мората и се поизвесното останување на Никола Калиниќ направија гужва во нападот на Атлетико. Поради тоа од Далијан се обидувале да го добијат потписот на Коста.
Иначе, Далијан и Атлетико имаат тесни врски. Сопстникот на Далијан е моќната кинеска компанија, Ванда Груп која ја раководи милијардерот Ванг Дијалин. Тој има 15% од акциите во Атлетико.
Се шпекулира дека Кинезите се спремни да платат 75 милиони евра за Диего Коста и да му понудат фараонски договор.