Дома Топ вести ТРАНСФЕРИ ВО ЖИВО: Интер тргнува по Кавани, на повидок трампа Лукаку – Дибала

ТРАНСФЕРИ ВО ЖИВО: Интер тргнува по Кавани, на повидок трампа Лукаку – Дибала

Нашата редакција секој ден навремено ќе ве информира за се што се случува на трансфер пазарот – сите трансфер информации на едно место!

-Шпанските медиуми лансираа вистинска „бомба“ и тврдат дека Реал Мадрид и ПСЖ можат да договорат трампа – Лука Модриќ плус 100 милиони евра за Нејмар (ОВДЕ).


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


-Новиот напаѓач на Милан, Рафаел Леао пристигна во Милано на лекарски прегледи. „Росонерите“ за неговиот потпис ќе платат 35 милиони евра (ОВДЕ).

-Падна договор: Јувентус го продаде својот „бисер“ Моис Кин во Евертон за 40 милиони евра со вклучени бонуси.

-БОМБА: Манчестер Јунајтед и Јувентус договорија спектакуларна трампа помеѓу Дибала и Лукаку (ОВДЕ).

-Најскапото засилување во историјата на Арсенал, Николас Пепе пристигна на лекарски прегледи во Лондон (ОВДЕ).

-Официјално: Идриса Геје е нов играч на ПСЖ. „Светците“ за неговиот потпис платија 30 милиони евра (ОВДЕ).

Иван Ракитиќ сериозно ја разгледува можноста да ја напушти Барселона. Хрватот стана „вишок“ во тимот и Каталонците се спрени да го продадат.

-Англиските медиуми тврдат дека Манчестер Јунајтед и Лестер се блиску до договор за трансфер на Хари Мегваер за 80 милиони фунти.

-Зенит понуди 41 милион за напаѓачот на Барселона, Малком. Се очекува трансферот да биде комплетиран во следните два дена.

– Интер полека ја губи битката за потписот на Лукаку, па „нероаѕурите“ ќе се свртат кон „планот Б“, а тоа е напаѓачот на ПСЖ Едисон Кавани (ОВДЕ).

-Монако и Милан повторно ги отпочнаа преговорите за Андре Силва и ќе се обидат да го договорат трансферот во следните неколку дена.

Кевин Принц Боатенг кариерата ќе ја продолжи во Фиорентина, откако „виолетовите“ постигнаа договор со Сасуоло за негов трансфер.

-Баерн Минхен направи потег со кој откри дека очекува големо засилување, а медиумите тврдат дека тоа ќе биде Лерој Сане (ОВДЕ).

-Дефанзивецот на Фламенго, Лео Дуарте вечера треба да пристигне во Милано и да го комплетира трансферот на „Сан Сиро“. Милан за неговиот потпис ќе плати 11 милиони евра.

-Пари Сент Жермен ја спушти цената за Нејмар. „Светците“ се спремни да се разделат со Бразилецот за сума од 180 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Позната главната трансфер цел на Јувентус

Италијанскиот гигант Јувентус покажува силен интерес за Мејсон Гринвуд кој оваа сезон…