Дома Трансфер зона Најскапото засилување на Арсенал пристигна на лекарски прегледи!

Најскапото засилување на Арсенал пристигна на лекарски прегледи!

Ѕвездата на Лил, Николас Пепе конечно го избра својот следен клуб и кариерата ќе ја продолжи во Арсенал.

Пепе имаше понуди од четири клубови, меѓу кои најконкретни беа Наполи и Арсенал, па 24-годишниот напаѓач на крајот одлучи да се пресели на „Емирати“. Одлучувачки фактор беше што „топџиите“ му понудија 1 милион евра поголема плата од „наполитанците“.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Напаѓачот денес пристигна во Лондон на лекарски прегледи, а потоа ќе стави потпис на 5-годишен договор со „топџиите“.

Арсенал за неговиот потпис ќе плати неверојатни 80 милиони евра, па Пепе ќе стане најскапиот играч во историјата на клубот.

Пепе беше вистинска сензација минатата сезона во Лил и постигна 22 гола, па го привлече вниманието на многу европски гиганти.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја купува ѕвездата на Аталанта

Ливерпул е сериозно заинтересиран за ѕвездата на Аталанта и холандски репрезентативец, Туе…