Дома Топ вести Јувентус и Јунајтед договорија спектакуларна трампа

Јувентус и Јунајтед договорија спектакуларна трампа

Италијанските медиуми пренесуваат дека Јувентус и Манчестер Јунајтед договориле спектакуларна размена, која треба да биде финализирана во следните неколку дена.

Имено, двата клуба се договорила на размена Дибала – Лукаку, така што „бјанконерите“ ќе добијат и дополнителни 15 милиони евра (Аргентинецот е проценет на 100 милиони, а Белгиецот на 85 милиони евра).


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Јувентус е во потрага по централен напаѓач, а Маурицио Сари дал зелено светло за доаѓањето на Лукаку.

За реализација на целата трансфер операција останува уште Дибала да даде согласнот и да ги договори личните услови со „црвените ѓаволи“.

„Бјанконерите“ наводно му соопштиле на Аргентинецот дека не влегува повеќе во нивните планови, дека не може да се вклопи во замислите на тренерот Сари, па поради тоа најдобро за него е да замине.

Манчестер Јунајтед е спремен да ги задоволи неговите финансиски барања и да му понуди плата од 10 милиони евра по сезона.

Сари смета дека Лукаку е напаѓач кој ќе биде идеален партнер на Кристиано Роналдо, а тоа дефинитивно ќе значи заминување на Манџукиќ и Игуаин.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Изминаа десет години од смртта на човекот за кој фудбалот беше образование, животна школа и надеж.

Денеска се навршуваат 10 години од смртта на поранешниот генерален секретар на Фудбалската…