Дома Топ вести Трансфери во живо: Реал и Јуве спремаат размена, ПСЖ го пушта Нејмар под еден услов, Пасторе повторно во Серија А…

Трансфери во живо: Реал и Јуве спремаат размена, ПСЖ го пушта Нејмар под еден услов, Пасторе повторно во Серија А…

Последни седум дена од зимскиот преоден рок, нашата редакција правовремено ве известува за сите трансфери и трансфер новости: Со Спортски бидете во тек…

– Англиските медиуми пренесуваат дека Манчестер Сити ја активирал откупната клаузула на Емерик Лапорте, па дефанзивецот на Атлетик Билбао наскоро ќе пристигне на „Етихад“.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


– Флорентино Перез не се откажува од намерата на „Сантиаго Бернабеу“ да го донесе Давид де Геа и спремил понуда која Манчестер Јунајтед нема да може да ја одбие.

– Интер и Вест Хем постигнаа договор за трансфер на Жоао Марио. Португалецот се сели на 6-месечна позајмица за која Вест Хем ќе му плати на „нероаѕурите“ 1,1 милион евра.

-Јувентус е силно заинтересиран за бекот на Манчестер Јунајтед и италијански репрзентативец Матео Дармијан и е спремен да понуди 25 милиони евра.

-Додека се чека расплетот за трансферот на Обамејанг, Арсенал е на чекор да договори засилување од Бразил. Станува збор за играчот за врска на Коринтијанс, Маикон.

-Спартак Москва и Наполи постигнаа договор за трансфер на дефанзивецот Никола Максимовиќ. Српскиот репрезентативец денес ги помина медицинските прегледи и наскоро се очекува официјализација на трансферот.

– Наполи конечно го договор првото засилување оваа зима. Пристигнува крилниот напаѓач на Ајакс, Јунес за кого Наполитанците ќе платат 5 милиони евра.

-Рома започна преговори со Барселона за трансфер на десниот бек Алиеш Видал. Трансферот би требало да изнесува 10 милиони евра.

– Англиските медиуми пренесуваат дека Мурињо е силно заинтересиран за играчот на Реал Мадрид, Матео Ковачиќ и е спремен да испрати понуда во наредните денови.

– Италијанските медиуми пренесуваат дека Хавиер Пасторе е спремен да се откаже од дел од својата плата за да се пресели во Интер. Меѓутоа, двата клуба не можат да најдат согласност за трансферот.

– „Газета дело Спорт“ пренесува дека Џенова и Јувентус се блиску до договор за суперталентираниот Пјетро Пелегри. „Старата дама“ за 16-годишниот напаѓач ќе плати 30 милиони евра, од кои 20 милиони евра во наредните две години, плус 10 милиони во име на бонуси.

– Официјално: Норвич го комплетираше трансферот на напаѓачот Онел Ернандез од Ајнтрахт Франкфурт.

– Германските медиуми пренесуваат дека Борусија Дортмунд ја одбила и последната понуда на Арсенал од 57 милиони евра, и за слободата на Обамејанг бараат 70 милиони евра.

– Откако ја загуби битката за Санчез, сега примарна трансфер цел на Гвардиола е Антоан Гризман, а англиските медиуми пренесуваат дека Пеп смислил план како да дојде до потписот на Французинот.

 

– Според медиумите во Хрватска, Валери Божинов наскоро би можел да го облече дресот на Ријека. (ОВДЕ)

– Официјално: Астон Вила го доведе на позајмица до крајот на сезоната фудбалерот на Манчестер Јунајтед Аксел Туанзабе 

– Како што пренесуваат шпанските медиуми, Барселона ја одредила цената за Алеш Видал и таа изнесува 10 милиони евра (ОВДЕ)

– Според последните информации, Интер се договорил со Аргентинецот од ПСЖ, Хавиер Пасторе. (ОВДЕ)

– Според „Le10Sport“, Реал Бетис е спремн да понуди 30 милиони евра за услугите на Лукаш Моура од ПСЖ.

– Според информациите на „Дон Балон“, Јувентус и Реал Мадрид би можеле да направат една од најголемите размени во последните неколку години во кој ќе бидат вклучени Тони Крос и Миралем Пјаниќ. (ОВДЕ)

– Официјално: Невен Суботиќ ја напушти Борусија Дортмунд и премина во редовите на Сент Етјен

– Oфицијално: Барселона го доведе „чудото од дете“ од американската МЛС лига, Балу Табла (ОВДЕ)

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Официјално: Тијаго Мота повеќе не е тренер на Болоња

Болоња денеска потврди дека Тијаго Мота идната сезона нема да го води клубот. Мота направи…