Дома Трансфер зона Жута во Ријека добива соиграч кој го носеше дресот на Јувентус, Парма, Манчестер Сити…?

Жута во Ријека добива соиграч кој го носеше дресот на Јувентус, Парма, Манчестер Сити…?

bojinov

Македонскиот интернационалец Леонард Жута кој настапува во редовите на Ријека од Хрватска би можел да добие светски познат соиграч.

Како што пренесуваат Хрватските медиуми Ријека е на чекор од потпис со Валери Божинов кој има 31 година и во кариерата го носеше дресот на Лече, Фиорентина, Јувентус, Манчестер Сити, Парма, Спортинг, Верона, Виченца, Левски Софија, Партизан…


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


Иако на фудбалската јавноста и е познат долги години и многумина ќе помислат дека има повеќе години како што кажавме тој има 31.

Божинов дебитираше како тинејџер во тимот на Лече на само 19 години од каде што за 14 милиони евра премина во Парма. Четири години подоцна премина во Манчестер Сити за осум милиони евра…

За репрезентацијата на Бугарија одигра 43 натпревари и постигна седум погодоци, а последен пат за репрезентација настапи во 2015 година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Тонали е примарна трансфер цел на Јувентус

Најголема желба на Јувентус во летниот преоден рок ќе биде италијанскиот репрезентативец С…