Дома Топ вести ТРАНСФЕРИ ВО ЖИВО: Во Манчестер се поставува рекорд, прегледи во Каталонија, нова опција за договор за Нејмар

ТРАНСФЕРИ ВО ЖИВО: Во Манчестер се поставува рекорд, прегледи во Каталонија, нова опција за договор за Нејмар

Преодниот рок полека влегува во самата завршница, а овие денови вниманието повеќе е насочено кон Премиер лигата каде што трансфер периодот завршува на 8-ми август. Бидете во тек со се што се случува!

Хари Мегваер денес пристигна во Манчестер  каде што ќе го комплетира трансферот вреден 93 милиони евра со што ќе стане најскап дефанзивец во историјата! 


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Интер му се закани на Икарди – може да го остави на трибини во наредните две години!

Нејмар во Барса на позајмица со право на откуп?

Евертон покажал интерес за македонскиот репрезентативец, Стефан Ристовски.

– Како што пренесуваат италијанските медиуми, Хатем Бен Арфа е пред трансфер во Сампдорија.

– Официјално: Исмаил Бенасер е нов играч на Милан!

Димитар Бербатов смета дека послабата физичка форма може да му биде проблем на Дибала во Премиер лигата.

– Денес би можеле да добиеме потврда за размената помеѓу Манчестер Сити и Јувентус. Сити на Јувентус би требало да му плати 30 милиони евра и да го испрати Данило во Торино, а за возврат „граѓаните“ ќе го добијат Кансело.

Радамел Фалкао потврди дека во новата сезона нема да го носи дресот на Монако: Имам неколку понуди за нов чекор во кариерата и ги разгледувам.

Жуниор Фирпо денес треба да ги помине медицинските прегледи и да потпише договор со Барселона до 2024 година.

– Милан ќе се обиде да го продаде Хакан Чалханолгу до крајот на преодниот рок и за него бараат 18 милиони евра.

– Пред неколку дена Јувентус ја одби понудата од Арсенал за Даниеле Ругани, но медиумите на Островот најавуваат дека клубот од Лондон наскоро ќе испрати нова понуда.

– Oфицијално: Моис Кин е нов играч на Евертон!

Дони Ван Де Бек потврди дека преговара со Реал Мадрид! 

– Еве ја официјалната потврда! Фирпо е нов играч на Барселона!

Изненадување од „Тутомеркато“: Манџукиќ се договорил со Манчестер Јунајтед! 

– Лампард ги изостави Бакајоко и Дринквотер и овие двајца нема да патуваат на припремите во Германија. Ова е уште еден доказ дека Лампард не смета на нив за новата сезона.

Детали за изненадувачката вест за потенцијалниот трансфер на Манџукиќ во Манчестер Јунајтед: Хрватот се договорил на „Олд Трафорд“ да заработува шест милиони евра по сезона за договор на две години. Јувентус би требало да добие 15 милиони евра како оштета.

– Oлимпик Марсеј наводно покажал интерес за Хамес Родригез. Меѓутоа засега на Марсеј не му се даваат големи шанси да има успех во својата намера.

– „Канал +“ пренесува дека трансферот на Џовани Ло Селсо од Бетис во Тотенхем е блиску до реализација и тој би требало да изнесува 70 милиони евра.

– Интер во финишот од преодниот рок би можел да направи обид да го доведе Анте Ребиќ.

 

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Мајката на Мбапе за неговата иднина: Сите знаете кој ќе биде негов следен клуб

Килијан Мбапе го потврди своето заминување од ПСЖ и за нештго повеќе од еден месец ќе биде…