Дома Топ вести ТРАНСФЕРИ ВО ЖИВО: Видал наскоро во Каталонија, Јувентус не завршил, Интер и Модриќ, Балотели може во Парма

ТРАНСФЕРИ ВО ЖИВО: Видал наскоро во Каталонија, Јувентус не завршил, Интер и Модриќ, Балотели може во Парма

transferi

Како и секој ден се до затварањето на трансфер пазарот, редакцијата на Спортски.мк ќе ве известува за сите трансфери и трансфер гласини и се што е поврзано со трансфер пазарот во Европа.

– Иако вчера Перез изјави дека не Модриќ може да замине само за 750 милиони евра, Интер не се откажува. „Газета дело Спорт“ открива што „нероаѕурите“ ќе му понудат на Хрватот (ОВДЕ)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Павел Недвед во медиумите потврди дека преодниот рок за Јувентус не е завршен. По оваа негова изјава сите очекуваат напад на Сергеј Милинковиќ Савиќ или Пол Погба (ОВДЕ)

– Во текот на вчерашниот ден како „бомба“ одекна веста дека Артуро Видал постигнал договор со Барселона, а денес пристигнуваат нови информации. Наводно, до крајот на денешниот ден се очекува официјална потврда (ОВДЕ).

– Синот на Видал уште пред пет дена во видео поставено на интернет откри каде ќе игра неговиот татко (ОВДЕ)

Мино Раиола изгледа конечно пронајде клуб по „мерка“ на Марио Балотели. Наводно, повратникот во Серија А, тимот на Парма може да ги исполни условите на италијанскиот напаѓач (ОВДЕ)

– Официјално: Педро го продолжи договорот со Челзи до 2020 година (ОВДЕ)

– Официјално: Габриел Жесус го продолжи договорот со Манчестер Сити до 2023 година (ОВДЕ)

– Фулам кој до овој момент потроши 77 милиони евра, нема намера да застане. Следна нивна мета е Тео Ернандез од Реал Мадрид (ОВДЕ)

– Според „Мундо Депортиво“ Манчестер Јунајтед постигнал догововор со стоперот на Барселона, Јери Мина (ОВДЕ)

Кристиано Роналдо, наводно продолжува да „ургира“ кај раководството на Јувентус за трансфер на Марсело (ОВДЕ)

– ПСЖ, Марсеј и Зенит ќе се обидат да го доведат фудбалерот на Манчестер Јунајтед, Маркус Рохо.

– Официјално: Фудбалерот на Вотфорд, Абдулај Дакур потпиша нов договор со англискиот клуб и тоа на пет години.

Вилфред Заха наводно им соопштил на своите соиграчи дека е спремен да замине и да ја прифати понудата од Челзи.

– ПОСТИГНАТ ДОГОВОР: Алеш Видал ја напушта Барселона и се враќа во Севиља. Севиља за враќање на својот поранешен играч на Барселона ќе и плати девет милиони евра, плус два преку бонуси.

– Официјално: Ахмед Муса направи трансфер во Ал-Наср и стана најскапиот фудбалер во историјата на саудискиот фудбал. Ал-Наср веднаш ќе му плати на Лестер 17.5 милиони фунти, а со бонусите овој трансфер би достигнал и вредност од 24 милиони фунти.

– Медиумите на Островот пишуваа дека Жером Боатенг преку своите агенти се понудил на Манчестер Јунајтед (ОВДЕ)

– Официјално: Ивоби потпиша нов договор со Арсенал!

– Што прави Видал додека медиумите го селат во Барселона? (ОВДЕ)

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Манчестер Јунајтед со богата понуда за Рабио

Манчестер Јунајтед спрема  понуда за ѕвездата на Јувентус и француската репрезентациј…