Дома Трансфер зона Раиола му најде клуб на Балотели и тоа од онаму каде што тој сака – Серија А!

Раиола му најде клуб на Балотели и тоа од онаму каде што тој сака – Серија А!

baloteli

Балотели сака да ја промени средината, Раиола се обидува да го пронајде клубот кој ќе ги понуди најдобрите услови.

Навивачите во Ница го обожаваат, најголема ѕвезда е во клубот, но тој сака да замине.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Марио Балотели не е задоволен во Ница и сака да ја промени средината, пред две сезони беа хит во француската лига кога завршија на третата позиција во првенството, а претходната сезона практично разочараа. Поразот од Лион во последното коло ги исфрли од европските натпреварувања за наредната сезона.

Еден од клучните играчи веќе замина, Фулам го доведе Жан Мишел Сери.

Балотели на големи се поврзуваше со трансфер во Марсеј, но преговорите се стопирани, напаѓачот сака да се врати во Серија.
Денес италијанските медиуми пишуваат дека Парма е сериозно заинтересирана за неговите услуги и управата на овој клуб е спремна да ги исполни барањата на фудбалерот.

„Газета дело Спорт“ наведува дека „млекарите“ можат да му обезбедат и поголема плата од онаа што ја добива во Ница. Даниеле Фаџиано се сретнал со агентот Мино Раиола со цел да разговраат за потенцијалниот трансфер на Италијанецот во клубот кој од новата сезона се враќа во Серија А.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Манчестер Јунајтед го сака дефанзивецот на Јувентус

Манчестер Јунајтед е силно заинтересиран за дефанзивецот на Јувентус, Жеилсон Бремер, прен…