Дома Топ вести Легендарното трио работи на трансферот на Модриќ, познато и каков договор Интер му спрема на Хрватот!

Легендарното трио работи на трансферот на Модриќ, познато и каков договор Интер му спрема на Хрватот!

modric

Tимот на Интер е сериозен во намерата да го доведе Лука Модриќ, без оглед на последната изјава на Флорентино Перез.

Имено, веќе неколку дена во Милано е актуелна приказната за потенцијалнот ангажман на Лука Модриќ од страна на Интер. Флорентино Перез вчера порача дека Хрватот може да замине само 750 милиони евра.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Денес во медиумите се појави и вест за тоа каков договор би можеле да му понудат „нероаѕурите“ на фудбалерот кој беше прогласен за најдобар на последното Светско првенство.

Интер е спремен на Модриќ да му понуди договор со плата од осум милиони евра по сезона, но она што е важно тој би имал важност до 2022 година, што значи дека по истекот на истиот Модриќ би имал 37 години и би се обезбедил практично до крајот на својата кариера.

Медиумите во Италија пренесуваат и дека на трансферот на Модриќ во овој момент работи триото Лемиќ, Рисо, Мијатовиќ кое неодамна го обезбеди трансферот на Врсаљко. Врската помеѓу Модриќ и Мијатовиќ е прилично силна со оглед дека поранешниот ас на Реал Мадрид и Партизан заедно со Лемиќ учествуваше во трансферот на Модриќ од Реал во Тотенхем во 2012 година.

Како и да е многу работи би требало да бидат појасни после состанокот кој е закажан за идната недела помеѓу Перез и Модриќ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Модриќ и Роналдо повторно заедно

Лука Модриќ ова лето ќе го напушти Реал Мадрид, а како негова следна дестинација се спомен…