Дома Трансфер зона Малото „чудо“ од Лондон: Потрошија 77 милиони евра, сега сакаат фудбалер на Реал Мадрид!

Малото „чудо“ од Лондон: Потрошија 77 милиони евра, сега сакаат фудбалер на Реал Мадрид!

Тимот на Фулам има големи планови за новата сезона.

Екипата на Фулам навистина одлично се засилува пред почетокот на сезоната.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


До сега во клубот пристигнаа шест засилувања: Жан Мишел Сери од Ница, Митровиќ од Њукасл, Мосон од Свонси, Фабри од Бешикташ, Ле Маршан исто така од Ница и Шурле од Борусија Дортмунд.

Сепак, повратникот во Премиер лигата нема намера тука да застане. Славиша Јокановиќ сака уште еден дефанзивец за новата сезона.

Тој дефанзивец би можел да пристигне од Реал Мадрид, фудбалерот кој се наоѓа на радарот на Фулам е Тео Ернандез, пишува „Марка“.

Фулам понудил два милиони евра за позајмица, плус во целост да ја покрива платата на фудбалерот за период од една година, а сега се чека одговорот од Мадрид.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Модриќ и Роналдо повторно заедно

Лука Модриќ ова лето ќе го напушти Реал Мадрид, а како негова следна дестинација се спомен…