Дома Трансфер зона Недвед ја разбуди фантазијата на навивачите: Не е готово…

Недвед ја разбуди фантазијата на навивачите: Не е готово…

Поранешниот легендарен фудбалер и сегашен потпретседател во Јувентус, Павел Недвед дополнително ја разгори фантазијата кај навивачите на „старата дама“.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


После враќањето на Леонардо Бонучи кој не е омилен помеѓу навивачите се огласи и Павел Недвед.

Потпретседателот и легенда на Јувентус, кој е и прв човек на спортскиот сектор потенцираше дека преодниот рок не е завршен.

Имено, тој после потписот на Бонучи изјави дека Лигата на шампионите, како и двојна круна во Италија се целите секоја година и дека тоа не се менува, а демантираше и дека преодниот рок е завршен за неговиот клуб.

„Не е готово“…кратко порача Недвед и така ја разбуди фантазијата кај фановите.

Претпоставките се дека Јувентус ќе купи уште еден топ играч во средината на теренот, а како фудбалери на таа позиција кои досега најмногу се споменуваа се Сергеј Милинковиќ Савиќ и Пол Погба.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…