Дома Топ вести Трансфери во живо: Бонучи го напушта Милан, Погба понуден на Барселона, Анчелоти го кани Бензема

Трансфери во живо: Бонучи го напушта Милан, Погба понуден на Барселона, Анчелоти го кани Бензема

Како и секој ден се до затварањето на трансфер пазарот, редакцијата на Спортски.мк ќе ве известува за сите трансфери и трансфер гласини и се што е поврзано со трансфер пазарот во Европа.

– Официјално: Денес Челзи го претстави првото големо засилување за следната сезона. Италијанскиот плејмејкер Жоржињо потпиша петгодишен договор. (ОВДЕ).

– Бразилскиот суперталент Винисиус Жуниор денес ќе пристигне во Мадрид, а во четврток и официјално ќе биде претставен како нов фудбалер на Реал Мадрид (ОВДЕ).

– Леонардо Бонучи по се изгледа ќе го напушти Милан ова лето. Негова следна дестинација најверојатно ќе биде Премиер лигата. Манчестер Јунајтед веќе ја испрати првата понуда.

– Мино Раиола го понудил својот пулен Пол Погба на Барселона, но Мурињо нема намера да го пушти Французинот и ја затворил вратата за негово заминување (ОВДЕ).

– Бомба: Француските медиуми пренесуваат дека Алекс Сандро е блиску до трансфер во Пари Сент Жермен. Бразилецот веќе ги договорил личните услови, а ПСЖ е спремен да плати 60 милиони евра за неговиот потпис.

– Италијанските медиуми пренесуваат дека Карло Анчелоти имал телефонски разговор со Карим Бензема и го убедувал да му се придружи во Наполи. Французинот наводно сака да ја промени средината ова лето.

– Најновите вести од Островот пренесуваат дека Дени Блинд е многу блиску до враќање во редовите на Ајакс за 15 милиони евра.

– Манчестер Јунајтед е заинтересиран за хрватскиот репрезентативец и откритие на Мундијалот, Анте Ребиќ. Германски Ајнтрахт за неговата слобода бара 50 милиони евра.

– Марко Пјаца е на чекор од трансфер во Фиорентина. Се е договорено и трансферот ќе биде објавен следната недела. Хрватот ќе пристигне на позајмица со право на откуп од 22 милиони евра.

– Енцо Зидан, синот на легендарниот Зинедин Зидан следната сезона ќе игра на позајмица во нисколигашот Рајо Махаонди.

– Интер и официјално го донесе дефанзивецот Алесандро Бастони од Аталанта за 8 милиони евра. Трансферот беше договорен минатата година, а во Бергамо требаше да биде уште една година, но „нероаѕурите“ се одлучија сега да го донесат во Милано.

– Иднината на бразилскиот голман Алисон е се уште главна тема на Апенините. За него силен интерес покажуваат Ливерпул, Реал Мадрид но и Челзи, а Рома за неговата слобода бара 80 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Адреналин, природа и предизвик: Пријави се за GOLAK TRAILS 2026

Голак повторно ќе биде домаќин на љубителите на планинското трчање – пристигнува GOLAK TRA…