Англискиот премерлигаш Челзи само еден ден откако го назначи новиот тренер го претстави и првото големо засилување за следната сезона.
Станува збор за плејмејкерот на Наполи, Жоржињо кој доаѓа во пакет со тренерот Маурицио Сари за сума од 65 милиони евра.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Жоржињо беше на чекор од трансфер во Манчестер Сити, но на крај „сините“ успеаа да ја добијат битката, а клучна улога секако одигра Сари.
„Возбуден сум што дојдов и потпишав за клуб како Челзи. Ќе играм во силна лига, за тим кој е навикнат да победува“, изјави Жоржињо.
26-годишниот плејмејкер потпише 5-годишен договор со клубот од „Стенфорд Бриџ“.