Дома Топ вести ТРАНСФЕРИ ВО ЖИВО: Боатенг на пат за Париз, Барса не се откажува од Рабио, Реал купува напаѓач

ТРАНСФЕРИ ВО ЖИВО: Боатенг на пат за Париз, Барса не се откажува од Рабио, Реал купува напаѓач

Трансфер пазарот во поголемиот дел од Европа е се уште отворен, па нашата редакција благовремено ќе ве известува за се што се случува на трансфер пазарот.

– Веста на денот доаѓа од Мадрид. Имено, „Марка“ потврди дека Реал Мадрид тргнува по нов напаѓач и откри кој е мета на „кралевите“ (ОВДЕ).


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


– Севиља го потврди трансферот на Максим Гоналон кој доаѓа од Рома на едногодишна позајмица.

– ПСЖ е многу блиску до комплетирање на трансферот на Жером Боатег, кој веќе побарал од Баерн да го пушти да се пресели во Париз.

– Барселона го „блиндира“ Серхио Бускетс со нов договор и откупна клаузула од 500 милиони евра (ОВДЕ).

– Иднината на Адриен Рабио се уште е главна тема. Француските медиуми тврдат дека Барселона не се откажува од плејмејкерот, но ПСЖ за возврат го бара потписот на Ракитиќ.

Клаудио Маркизио пред неколку дена го раскина договорот со Јувентус, а медиумите откриваат дека кариерата ќе ја продолжи во Монако (ОВДЕ).

– Летниот трансфер период во Англија штотуку заврши, но Гвардиола спрема „бомба“ за зимскиот преоден рок (ОВДЕ)

– Се е подготвено за новиот договор на Давид де Геа. Шпанскиот голман наскоро ќе стави потпис на договор тежок 200.000 фунти неделно.

– Младиот голгетер на Милан, Патрик Кутроне наскоро ќе стави потпис на нов договор со „росонерите“ до 2023 година.

Адриен Рабио сигурно нема да потпише нов договор со ПСЖ, па следното лето би можел да го напушти клубот како слободен агент. „Газета дело Спорт“ тврди дека Милан и Јувентус веќе работат да го донесат Французинот без обештетување.

– Лајпциг понуди 22 милиони евра за крилниот напаѓач на Евртон, Адемола Лукман.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Позната најголемата желба на Гвардиола

Примарна цел на Манчестер Сити во летниот преоден рок ќе биде засилување на средниот ред, …