Дома Топ вести ТРАНСФЕРИ ВО ЖИВО: Клоп го „краде“ Гризман, Милан го сака Иско, Реал има план за Нејмар

ТРАНСФЕРИ ВО ЖИВО: Клоп го „краде“ Гризман, Милан го сака Иско, Реал има план за Нејмар

Нашата редакција навремено ќе ве известува за сите трансфери и трансфер шпекулации се до затворањето на трансфер пазарот.

Адриен Рабио е многу блиску до трансфер во Јувентус. „Скај Спорт“ тврди дека двете страни постигнале договор за четиригодишна соработка тешка 10 милиони евра по сезона.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Нејмар и ова лето е една од најжешките теми на трансфер пазарот. Вчера се појави вест дека може да го напушти ПСЖ, а денес медиумите тврдат дека Реал испратил спектакуларна понуда за Бразилецот (повеќе ОВДЕ).

– Манчестер Јунајтед и Кристал Палас се блиску до договро за трансфер на Арон Ван-Бисака. „Црвените ѓаволи“ понудија 62 милиони евра и ќе го направат Бисака најскапиот бек во историјата на фудбалот. (ОВДЕ).

– Барселона и Валенсија постигнаа договор за трансфер на Рафиња Алкантара. „Лилјаците“ за Бразилецот ќе и платат на Барселона 15 милиони евра.

– ПСЖ се вклучи во трката за италијанскиот репрезентативец Николо Барела, меѓутоа Интер останува во пол-позиција за неговиот потпис.

– Интер постигна комплетен договор со Ромелу Лукаку, а Манчестер Јунајтед за неговата слобода бара 75 милиони фунти (ОВДЕ).

– Официјално: Маркос Љоренте премина од Реал во Атлетико Мадрид за сума од 40 милиони евра (ОВДЕ).

– „БОМБА“: Малдини денес отпатува во Мадрид на средба со претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез. Медиумите тврдат дека главна тема на разговор ќе биде играчот за врска, Дани Себаљос. (ОВДЕ).

Френк Лапмард до крајот на неделата ќе стане нов тренер на Челзи. Легендата постигна договор со „сините“ за тригодишна соработка, а Дерби ќе добие 5 милиони евра како компензација.

– Официјално: Ибрахим Афелај повторно се врати во ПСВ Ајнтховен. Некогаш големиот холандски бисер доаѓа како слободен агент.

– Новиот тренер на Милан, Марко Џампаоло сака да го донесе на „Сан Сиро“ неговиот миленик Патрик Шик. Рома за неговата слобода бара 30 милиони евра (ОВДЕ).

– Рома како замена за Манолас го сака Марк Бартра, пренесува „Скај Спорт“. Бетис за слободата на дефанзивецот бара 20 милиони евра.

– Официјално: Ерик тен Хаг го продолжи договорот со Ајакс до 2022 година.

– Официјално: Александар Зинченко стави потпис на нов договор и се обврза на верност со Манчестер Сити до 2024 година.

– Јувентус не се откажува од Пол Погба и го потврди интересот за Французинот, кој е на излезна врата од „Олд Трафорд“, но за него силен интерес покажува и Реал Мадрид.

– „Бомба“:Ливерпул е спремен да ја плати откупната клаузула за Гризман и ќе се обиде да го „украде“ Французинот пред носот на Барселона (ОВДЕ).

– Тотенхем е во пол-позиција за потписот на португалската ѕвезда Бруно Фернандеш. Спортинг Лисабон за неговиот потпис бара 70 милиони евра (ОВДЕ).

– „Марка“ тврди дека Малдини пристигнал во Мадрид на средба со Флорентино Перез за да разговара за евентуален трансфер на Иско на „Сан Сиро“.

– Претседателот на Барселона, Жосеп Марија Бартомеу потврди дека Осман Дембеле сигурно останува на „Камп Ноу“ следната сезона (ОВДЕ).

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Челзи никогаш во историјата не примил повеќе голови во Премиер лигата

Eкипата на Челзи вчера претрпе тежок пораз од 5:0 против Арсенал и тоа за „топџиите“ беше …