Дома Топ вести ТРАНСФЕРИ ВО ЖИВО:Реал го „краде“ Феликс, Елмас на чекор од Тотенхем, Барса со понуда за Нејмар

ТРАНСФЕРИ ВО ЖИВО:Реал го „краде“ Феликс, Елмас на чекор од Тотенхем, Барса со понуда за Нејмар

Нашата редакција навремено ќе ве известува за сите трансфери и трансфер шпекулации се до затворањето на трансфер пазарот.

– Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас денес е главна тема во англисите медиуми. Тотенхем испрати примамлива понуда да Фенербахче и е блиску до реализација на трансферот (ОВДЕ).


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


– БОМБА: Реал Мадрид смисли „пеколен“ план и сака го украде Жоао Феликс пред носот на Атлетико. „Кралевите“ испратија спектакуларна понуда (ОВДЕ).

– Официјално: Луис Муриел го комплетираше трансферот во Аталатна за 15 милиони евра.

– Манчестер Јунајтед во наредните 48 часа ќе го официјализира трансферот на Арон Ван-Бисака од Кристал Палас за 60 милиони фунти (ОВДЕ).

– Медиумите открија како поминал состанокот помеѓу Милан и Реал Мадрид. Дани Себаљос бил главна тема на разговор (ОВДЕ).

– БОМБА: „Мундо Депортиво“ пренесува дека Барселона испратила официјална понуда за Нејмар. Му го нуди на ПСЖ Филипе Кутињо и 100 милиони евра. Бразилецот инсистира да се врати на „Камп Ноу“.

– „Скај Италија“ тврди дека Џиџи Буфон веќе го избрал својот нов клуб и е блиску до комплетирање на трансферот во Порто (ОВДЕ).

– Арсенал е на чекор од ново засилување, станува збор за дефанзивецот на Торино, Армандо Ицо (ОВДЕ).

– ИЗНЕНАДУВАЊЕ: Манчестер Сити го победи Манчестер Јунајтед во трката за Хари Мекгваер. „Граѓаните“ се на чекор од реализација на трансферот за 65 милиони фунти.

– Фиорентина сака да го врати Борха Валеро. Интер е спремен да го пушти, но за неговата слобода бара 3 милиони евра.

– Милан испрати официјална понуда од 20 милиони евра за Џордан Верето, но Фиорентина бара 25 милиони. Рома ја следи ситуацијата и во наредните денови се очекува да испрати официјална понуда.

Един Џеко е на излезна врата од Рома и веќе се договори со Интер. Како негова замена на „Олимпико“ може да пристигне Игуаин. (ОВДЕ).

– Барселона покажува интерес за Алесио Ромањоли и испратила понуда од 40 милиони евра, но Милан експресно ја одбил и порачал дека играчот не е на продажба.

Жоао Кансело е пред трансфер во Манчестер Сити за 50 милиони евра. Јувентус се насочува кон бекот на Тотенхем, Киран Трипие.

– Реал Мадрид е спремен да го продаде Иско и да ги разгледа понудите кои ќе пристигнат за шпанскиот плејмејкер (ОВДЕ).

– Барселона испратила понуда за Алесио Ромањоли, но Милан експресно ја одбил и порачал дека капитенот не е на продажба.

– Интер успеа да го победи градскиот ривал Милан во трката за Стефано Сенси. Плејмејкерот на Сасуоло е на чекор од трансфер во Интер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Изјавата на Ристовски која денес изгледа како предвидување

Тимот на Динамо Загреб освои големи три бода во вчерашното дерби со Ријека и така дојде на…