Дома Фудбал Останато Зидан се врати, но Реал сака да ги слушне понудите за Иско

Зидан се врати, но Реал сака да ги слушне понудите за Иско

Без оглед на тоа што Иско има желба да остане во Реал Мадрид, изгледа дека „кралскиот клуб“ сепак е спремен да го продаде ова лето.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Зидан има исклучително високо мислење за фудбалските квалитети на Иско, но ниту враќањето на францускиот стратег на клупата нема да го спречи заминувањето на поранешниот играч на Малага, доколку пристигне адекватна понуда. „Марка“ тврди дека Реал е спремен да го продаде Иско, но дека конечната одлука ќе биде донесена откако што Реал ќе ги слушне сите понуди кои ќе бидат интересни.

Наводно меѓу заинтересираните за услугите на Иско се Јувентус, Милан и Манчестер Сити, но се уште на адресата на Реал не пристигнаа официјални понуди. Потсетуваме, 26-годишниот Иско беше „замрзнат“ од страна на поранешниот тренер на Реал, Солари, па во периодот додека тој беше на клупата не успеа да запише ниту еден старт во Ла Лига и во Лигата на Шампионите.

Се верува дека со враќањето на Зидан би можеле да дојдат подобри денови за Иско, но не би било ништо чудно тој да не ја дочека новата сезона како член на Реал. Без оглед на тоа што Зидан се врати на клупата на Реал се верува дека Иско ниту следната сезона не би имал место во стартните 11. На крајот треба да се истакне дека договорот на Иско со „кралскиот клуб“ важи до 2021. година, па Реал се уште има шанса да го продаде за добра сума.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Неверојатно: Имал 20.000 следбеници пред СП, а сега има 28 милиони

Светското првенство може да изнесе херои и да ги промени кариерите преку ноќ, што токму му…