Дома Топ вести ТРАНСФЕРИ ВО ЖИВО:Кавани доаѓа во Мадрид, Реал купи нов Бразилец, Јунајтед и Интер спремаат трампа

ТРАНСФЕРИ ВО ЖИВО:Кавани доаѓа во Мадрид, Реал купи нов Бразилец, Јунајтед и Интер спремаат трампа

И денес сме тука да ве известуваме за се што се случува на трансфер пазарот – следете не и бидете во тек.

-Црвена Звезда го продаде својот најдобар фудбалер Марко Марин во Саудиска Арабија. Ал Ахли за неговиот потпис плати 2,5 милиони долари.(тука)


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


-Манчестер Јунајтед и Интер спремаат спектакуларна трампа. „Црвените ѓаволи“ го  нудат Погба во замена за Лаутаро Мартинез.(тука)

-Лампард понуди 70 милиони евра за Давид Алаба, но Баерн Минхен експресно ја одби понудата.(тука)

ГОТОВО: Реал Мадрид го договори трансферо на младиот Бразилец, Реинер Жесус од Фламенго. „Кралевите“ за неговиот потпис ќе платат 30 милиони евра.(тука)

-Карло Анчелоти инсистира во Евертон да го донесе играчот на Реал Мадрид, Хамес Родригез.

-ГОТОВО: Едисон Кавани пристигнува во Атлетико Мадрид. Двете страни постигнаа комплетен договор, а истиот ќе биде потпишан на 1-ви февруари. Уругваецот ќе пристигне како слободен агент од ПСЖ, а ќе стави потпис на двегодишен договор.

-Милан и Барселона постигнаа договор за трансфер на младиот дефанзивец Тобидо. Французинот доаѓа на „Сан Сиро“ на позајмица до крајот на сезоната со право на откуп за 20 милиони евра.

-Неверојатна грешка: Барселона одбила да го донесе Ерлинг Халанд минатиот јануари.(тука)

-Манчестер Јунајтед спремил понуда за ѕвездата на Лестер, Џејмс Медисон, а како дел од трансферот може да биде вклучен и Џеси Лингард.

35-годишниот Емануел Адебајор би можел да го напушти Кајзериспор и да се врати во Премиер лигата во дресот на Астон Вила.

-Њукасл покажува силен интерес за напаѓачот на Милан, Криштоф Пјонтек и наскоро ќе испрати понуда на „Сан Сиро“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Салфетка со потписот на Меси за Барселона продадена за скоро милион евра📷

Oткако неодамна беше објавено дека на аукција е ставена салфетката на која Лионел Меси пот…