Данскиот репрезентативец Кристијан Ериксен пристигна во Интер како големо засилување, но се помалку добива минутажа кај Антонио Конте.
Ериксен е во втор план кај Конте, па најверојатно ќе го напушти Интер во зимскиот преоден рок, а „нероаѕурите“ се спремни да го пуштат за да се ослободат од неговата висока плата.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Најсилен интерес за Ериксен покажува Јувентус, бидејќи Пирло смета дека Данецот идеално би се вклопил во неговата формација.
Таквата ситуација сака да ја искористи Интер, кој му нуди трампа на големиот ривал, така што да го добие потписот на Кулушевски.
Кулушевски беше мета на Интер и минатата година, но тој се одлучи да се пресели во Јувентус.
„Нероаѕурите“ се спремни во трампата да доплатат и додатни 10 милиони евра, па останува да видиме каков ќе биде одговорот на „старата дама“.