Дома Трансфер зона Традицијата пред парите: Рамос од следната сезона во Премиер лигата

Традицијата пред парите: Рамос од следната сезона во Премиер лигата

Серхио Рамос може да бира каде ќе ја продолжи кариерата, а скоро сигурно е дека тоа нема да биде во Мадрид.

На капитенот на Кралевите договорот му истекува летоска и наводно до сега не се договорил за продолжување на соработката. Во Мадрид сметаат дека е време за промени и млади играчи, па шпанскиот репрезентативец после 16 години ќе го напушти клубот.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Неговиот брат Рене Рамос моментално преговара со бројни клубови и прва опција е атрактивната Премиер лига, а Манчестер Јунајтед е најсериозен кандидат.

Рамос имаше богати понуди од Азија кој веднаш ги одби, а наводно и богатата понуда од ПСЖ не го интересира бидејќи повторно сака да биде дел од клуб со голема традиција.

Па ако веќе сакате да играте во еден таков клуб од Премиер лигата, Манчестер Јунајтед е прв избор. Медиумите во Англија веќе најавуваат преддоговор, а од летоска Рамос ќе го облече дресот на Црвените ѓаволи.

Рамос во Јунајтед би имал плата од 200 илијади евра месечно, а освен Јунајтед, кој веќе преговара, интерес наводно покажале и Манчестер Сити и Ливерпул, но според изворите блиски до играчот, Црвените ѓаволи се во пол позиција.

Рамос освои четири титули во ЛШ со Реал Мадрид, пет во Ла Лига, а беше и светски првак со Шпанија во 2010. година. ЕП со Шпанија ги освои во 2008. и 2012. година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Салфетка со потписот на Меси за Барселона продадена за скоро милион евра📷

Oткако неодамна беше објавено дека на аукција е ставена салфетката на која Лионел Меси пот…