Дома Фудбал Останато Трагедија: Авион со бразилски фудбалери се урна во Колумбија

Трагедија: Авион со бразилски фудбалери се урна во Колумбија

Авион со 72 патници и девет члена на екипажот, со кој патувале и фудбалери на бразилски клуб, се урна во централниот дел на Колумбија, соопшти денеска здружението на колумбиската цивилна авијација.

На местото на авионската несреќа пристигнале спасувачки екипи кои им помагаат на преживеаните, а досега не е соопштено дали и колку лица го загубиле својот живот.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


29-11-urnat-avion-kolumbija

Фудбалерите на бразилскиот клуб Чапокоензе утре требаше да играат во Меделин против локалниот клуб Атлетико насионал во финалето на Купот на Јужна Америка.

Колумбиските медиуми објавуваат дека бројот на преживеани не е минимален. Радио Колумбија објави дека еден од нив е фудбалерот Алан Рушел, но сите се во исчекување на официјално соопштение на властите во оваа земја, со повеќе детали околу несреќата и бројката на преживеани.

Засега не е позната причината за несреќата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Новинарот ќе добие тужба: Рудигер ја објасни фотографијата која предизвика бурни реакции

Фудбалерот на Реал Мадрид и германската репрезентација Антонио Рудигер се најде во неприја…