Дома Трансфер зона Тој што го сака Варан треба да го сруши светскиот рекорд

Тој што го сака Варан треба да го сруши светскиот рекорд

Дефанзивецот на Реал Мадрид, Рафаел Варан и официјално му соопштил на раководството на клубот дека сака да ја промени средината, тврдат шпанските медиуми.

Враќањето на Зидан на клупата на „кралевите“ наводно не промени ништо во одлуката на 25-годишниот дефанзивец, кој освои се што може да се освои со шпанскиот гигант, па сега посакува нов предизвик надвор од Шпанија.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Варан има важечки договор со „кралевите“ до јуни 2022 година и во него откупна клаузула од вртоглави 500 милиони евра, па поради тоа Реал Мадрид има одлична позиција во преговорите.

Зинедин Зидан е категоричен во намерата да го задржи Варан, па клубот ќе направи се за да го убеди дефанзивецот да остане на „Сантиаго Бернабеу“.

Сепак, се чини дека тоа ќе биде тешко, бидејќи Варан ја донел конечната одлука и му ја соопштил на раководството.

Меѓутоа, Реал нема лесно да се откаже од Варан и им порачал на заинтересираните страни дека ќе треба да го срушат светскиот трансфер рекорд за да дојдат до потписот на Французинот.

Најскап дефанзивец во моментов е Ван Дајк за кого Ливерпул плати 85 милиони евра, а „кралевите“ за слободата на Варан ќе бараат најмалку 90 милиони евра.

Најсилен интерес во моментов покажуваат Манчестер Јунајтед и Јувентус, но и двата клуба не се спремни да ја платат таа сума.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Арсенал и Ливерпул го сакаат Брахим Дијаз

Брахим Дијаз минатото лето се врати во Реал Мадрид и ја потврди својата класа, но оваа сез…