Дома Фудбал Италија Тоти ги изненади фановите – Ќе станува тренер?

Тоти ги изненади фановите – Ќе станува тренер?

Познатата изрека „никогаш не вели никогаш“, Франческо Тоти ја почуствува на своја кожа.

Веројатно се сеќавате на изјавите на Тоти во кои тврдеше дека никогаш нема да работи како тренер, дури нема да работи ниту со деца.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Тоти тврдеше дека сака некоја одговорна функција во Рома и ја доби. Првиот чекор после неговото повлекување беше да стане директор во клубот, десна рака на Мончи. И го видовме Тоти во одело и во ложата, но изгелда дека не му е баш интересно.

Имено, легедната на Рома се запишал во тренерска школа. Тоа е првиот чекор кон станувањето на професионален фудбалски тренер, предавањата започнуваат во Рим во четврток и тука Тоти ќе добие вистинска тренерска лиценца без која не може да оди во Коверчано, на повисока тренерска школа каде што добива „А“ лиценца.

Легендата на италијанскиот фудбал може по скратена постапка да ја заврши тренерската школа, но мора прво да ги помине сите нивоа. Тоти започнува во четврток, а многу веројатно дека еден ден ќе го гледаме на клупата на Рома.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Леао се посрамоти во дебаклот на Милан – место даде гол, тој спречи! (Видео)

Рафаел Леао некогаш беше сметан за еден од најдобрите крилни играчи, а за тоа зошто сега н…