Тотенхем е силно заинтересиран за ѕвездата на Брајтон, Леандро Тросар и сака да го донесе во зимскиот преоден рок.
Тросар игра фантастично од почетокот на сезоната и го привлече вниманието на многу европски клубови.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
28-годишниот Белгиец има договор со Брајтон до крајот на сезоната и на лето ќе биде слободен агент.
Поради тоа Брајтон е спремен да го продаде во јануари, а Тотенхем сака да ја искористи таквата ситуација.
Тросар има 7 гола од почетокот на сезоната, а Конте смета дека идеално ќе се вклопи во неговиот систем на игра.