Тотенхем наиде на голем проблем, имено, преговорите околу почетокот на соработката со Кристијан Ериксен се сопрени, јавува „Дејли Меил“.
Данскиот фудбалер веќе шест месеци е во преговори околу новата соработка, со управата на Спарси, но договорот од двете страну судејќи по се не е блиску.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Имено, проблем настана во тоа што Ериксен сака плата каква што имаат Хари Кејн и капитенот, Уго Љорис.
Екипата од Северен Лондон не ангажираше ниту едно засилување ова лето, а сите работи да бидат уште полоши, не успеаа да постигнат договор ниту со Тоби Алдервејрелд околу продолжување на соработката.
Така што проблемот кој настана со Ериксен е загрижувачки за четата на Маурисио Покетино, Данецот под палка на аргентинскиот стратег стана еден од најдобрите плејмејкери во Европа и без сомнеж е еден од клучните играчи на Спарси.
Голем број европски екипи покажаа интерес за неговите услуги, најчесто се споменуваа Барселона и Реал Мадрид, а Ериксен како што се наведува од управата на Тотенхем бара договор сличен на оној кој го имаат Кејн и Љорис.
Англискиот напаѓач во јуни парафрираше нов договор со клубот, според кој заработува 300 илјади фунти неделно, Љорис има двојно помалку, но и натаму е еден од најдобро платените играчи во екипата.
Ериксен смета дека тој мора да се најде помеѓу најплатените, што рака на срце никој не може да го одрече, бидејќи тој е еден од најдобрите и најважните играчи во екипата на Покетино.
Данецот има уште две години договор со екипата од британската престолнина, па следува да видиме дали управата во најскоро време ќе ја продолжи соработката со него.