Тотенхем е последниот клуб кој се вклучи во трката за потписот на италијанскиот репрезентативец Брајан Кристанте, пренесуваат англиските медиуми.
23-годишниот играч за врска игра фантастична сезона во дресот на Аталната и веќе дебитираше за сениорската италијанска репрезентација.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Кристанте е во сопственост на Бенфика, но клубот од Бергамо има опција да го откупи неговиот договор за само 4 милиони евра и сигурно ќе го направи тоа.
Добрите игри на Кристанте не останаа неприметени од големите клубови, па од поодамна интерес за него покажуваат Интер и Јувентус, а сега во трката се вклучи и премиерлигашот Тотенхем.
Кристанте оваа сезона запиша 37 настапи за Аталанта на кои постигна 11 гола и запиша 2 асистенции, што покажува дека е комплетен играч за врска.
Аталанта за неговата слобода бара најмалку 25 милиони евра, сума која Тотенхем е спремен да ја плати.