Дома Фудбал Англија Тотенхем НЕ е ист без Кејн, ќе ризикува ли Покетино?

Тотенхем НЕ е ист без Кејн, ќе ризикува ли Покетино?

Хари Кејн секако е најдобриот фудбалер на Тотенхем, англискиот репрезентативец сега е повреден. Кога се враќа на терените?

Напаѓачот кој оваа сезона игра во животна форма ги пропушти последните два натпревари на неговиот клуб, а во тие два натпревари „петлите“ заебележаа два пораз, против Вест Хем  во Лига купот (2:3) и против Манчестер Јунајтед во Премиер лигата (1:0).

Кој е фаворит за трофејот во Првата лига!? | Overtime with TJ


„Во договор со клупскиот доктор и со играчот ќе ја донесеме најдобрата одлука. Мораме да анализираме. Јас сум оптимист и имам добро чуство, но многу е поважно како се чуствува Кејн“, изјави Покетино.

Најавите се дека би можел да биде спремен за натпреварот против Реал Мадрид во рамките од Лигата на шампионите кои се игра во среда со почеток од 20:45 минути, тоа ќе биде натвпревар за првото место во оваа група.

После натпреварот против Реал Мадрид, Тотенхем во Премиер лигата ќе игра против Кристал Палас, па не е исклучена можноста Кејн да „стисне заби“ и да настапи против „кралевите“, а потоа за викендот да добие заслужен одмор.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

УЕФА ја казни Барселона со неколку дисциплински мерки; Јамал, Левандовски и Флик меѓу казнетите

УЕФА изрече неколку санкции на Барселона по повод последниот натпревар на тимот во Лигата …