Познатиот експерт за трансфери Фабрицио Романо тврди дека Тотенхем донел одлука да го окупи договорот на Дејан Кулушевски од Јувентус за сума од 30 милиони е вра.
Според информациите таква клазула има во договорот за позајмица помеѓу италијанскиот и англискиот клуб. За позајмица претходно Тотенхем на Јувентус му плати 10 милиони евра. Договорот за позајмица на Кулушевски е до 2023 година.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Но, наводно Антонио Конте донел одлука уште летово да се активира клазула со цел да го обезбеди Кулушевски и тој да потпише перманентен договор. Кулушевски игра солидно во Тотенхем и на 11 натпревари постигна два гола и подели четири асистенции.