Во рамки на 29. коло во Премиер лигата, во терминот од 16 часот, попладнево се одиграа пет натпревари.
Екипата на Лестер ремизираше со Борнмаут на домашен терен со 1:1. Првиот погодок беше дело на Кинг во 35. минута од мечот, а израмнувачкиот погодок го постигна Марез во 97. минута од мечот.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Саутемптон и Стоке одиграа без погодоци и така ги поделија бодовите по денешното коло, а Вотфорд славеше над ВБА со минимални 1:0. На тој меч единствениот стрелец беше Динеј во 77. минута.
На „Вембли“ очекувано Тотенхем славеше над Хадешфилд со 2:0. Двата погодоци на мечот ги постигна Сон Мин во 27. и 54. минута.
Најмногу погодоци беа забележани на мечот помеѓу Свонси и Вест Хем, каде домашниот тим славеше со 4:1. Ки Сонг Јонг го отвори резултатот во 8. минута, а водството за Свонси го зголеми Ван Дер Хорн во 32. минута. Кинг во 48. минута потоа погоди за веќе убедливи 3:0, а последниот погодок за Свонси беше дело на Ејв преку пенал во 63. минута. Почесниот погодок за лондонскиот тим го постигна Антонио во 79. минута.