Дома Фудбал Тотенхем казнет, Мурињо суспендиран

Тотенхем казнет, Мурињо суспендиран

Менаџерот на Тотенхем, Жозе Мурињо е казнет и нема да може да ги предводи „спарси“ на еден меч во Лига Европа.

Казната на Португалецот е поради тоа што со задоцнување ја извади екипата на терен во второто полувреме на мечот Антверпен-Тотенхем, пред 2 недели.

Парична казна заработи Тотенхем, и тоа од 25.000 евра поради доцнењето и дополнителни 3.000 евра поради кршењето на правилата на УЕФА.

На тој меч Антверпен славеше со 1-0, а со оглед на тоа како тимот на Мурињо играше на тој меч, разбирливо е што сакал да ги задржи играчите подолго во соблекувалната.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Грималдо и Симеоне го решија Леванте: Атлетико до деветтата победа

Атлетико Мадрид славеше со 2-0 на гостувањето кај Леванте и стигна до 28 бода од 11 натпре…