Дома Топ вести Тотенхем и Манчестер Јунајтед во битка за ѕвездата на Борнмут

Тотенхем и Манчестер Јунајтед во битка за ѕвездата на Борнмут

Тотенхем спрема понуда од 50 милиони фунти за играчот за врска на Борнмут, Дејвид Брукс, пренесуваат англиските медиуми.

Брукс игра фантастична сезона и неколку гиганти од Премиер лигата покажуваат инетерс за неговиот потпис.


Само Португалија е сигурна, Белгија се тресе! ↓↓↓


Покетино го следи младиот талент на Велс уште кога играше во Шефилд Јунајтед минатата сезона, но Борнмут го купи за 12 милиони фунти.

Сега цената на 21-годишниот играч за врска вртоглаво порасна и Тотенхем е спремен да плати 50 милиони фунти, но ќе треба да ја победи конуренцијата.

Манчестер Јунајтед исто така е силно заинтересиран за Велшанецот и нема да жали пари за да го донесе на „Олд Трафорд“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Ваква во овој момент изгледа нокаут фазата на ЕП – левата страна е застрашувачка

Откако го дознавме исходот во четири од шесте групи на Европското фудбалско првенство, поз…