Дома Фудбал Англија Тотенхем е највредниот клуб во Англија

Тотенхем е највредниот клуб во Англија

Премиерлигашот Тотенхем е највреден клуб во Англија според најновото истражување направено од финансиски експерти на Универзитетот во Ливерпул.

Вредноста на Тотенхем во однос на минатата година е зголемена за 700 милиони фунти и изнесува 2,6 милијарди фунти. Потоа следуваат клубовите од Манчестер, вредноста на Сити изнесува 2,2 милијарди додека Јунајтед вреди 2,1 милијарди фунти.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Потоа следуваат Ливерпул, Арсенал и Челзи, а големата „седумка“ ја комплетира Вулверхемптон.

„Тотенхем е на врвот бидејќи минатата сезона стигна до финалето во Лигата на шампиони, а буџетот за плати на тимот не надминува 150 милиони фунти. Притоа, клубот изгради сопствен стадион“, изјавија од Универзитетот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Славниот англиски клуб е пред згаснување – последната надеж им е поранешен покер играч!

Поранешниот професионален играч на покер Џејмс Борд е главниот кандидат за преземање на ан…