Светското првенство во Русија е зад нас, а еден од играчите кои остави најголем впечаток секако е Килијан Мбапе.
Мбапе и пред ова Светско првенство вредеше навистина многу, а на Мундијалот стигна и наградата најдобар млад играч, воедно и највреден.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Со четири постигнати гола на Мундијалот (еден во финалето), Мбапе покажа дека со своите 19 години и тоа како добро се снаоѓа на најголемата сцена, па очекувано е највреден фудбалер под 21 година. Неговата вредност според истражувањето на „Soccerex“ изнесува огромни 192.3 милиони евра.
Во „Soccerex“ до оваа борјка дојдоа зимајќи ги во предвид годините, позицијата, сегашниот клуб, должината на договорот, вредноста на пазарот, настапите за репрезентацијата, одиграни минути, повреди, број на голови и технички квалитети.
Далеку зад Мбапе со „само“ 89.2 милиони евра се наоѓа Маркус Рашфорд.
Во продолжение погледнете ја комплетната листа на највредни млади фудбалери.
1. Килијан Мбапе (ПСЖ) – 192.3 милиони евра
2. Маркус Рашфорд (Манчестер Јунајтед) – 89.2 милиони евра
3. Габриел Хесус (Манчестер Сити) – 88 милиони евра
4. Осман Дембеле (Барселона) 84.3 милиони евра
5. Малком (Бордо) – 64.6 милиони евра
6. Федерико Киеза (Фиорентина) – 63.6 милиони евра
7. Џанлуиџи Донарума (Милан) – 62.8 милиони евра
8. Кристијан Пулишиќ (Борусија Дортмунд) – 61.2 милиони евра
9. Леон Бејли (Баер Леверкузен) – 56.6 милиони евра
10. Микел Ојаразбал (Реал Сосиедад) – 51.3 милиони евра
11. Рајан Сесењон (Фулам) – 51.3 милиони евра
12. Трент Александер Арнолд (Ливерпул) – 50.7 милиони евра
13. Матијас Де Лихт (Ајакс) – 50.4 милиони евра
14. Винисиус Жуниор (Реал Мадрид) – 45.1 милиони евра
15. Родриго (Сантос) – 40 милиони евра
16. Дајот Упамекано (Лајпциг) – 39.6 милиони евра
17. Патрик Кутроне (Милан) – 35 милиони евра
18. Хусем Аоар (Лион) – 34.5 милиони евра
19 .Алан Сент-Максим (Ница) – 31.9 милиони евра
20. Ченгиз Ундер (Рома) – 31.9 милиони евра