Дома Останати Тенис Тони Надал: Рафа не е тенисер, тој е повреден тенисер кој игра тенис

Тони Надал: Рафа не е тенисер, тој е повреден тенисер кој игра тенис

Чичкото на Рафаел Надал, Тони смета дека освојувачот на 11 Грен Слем титула на Ролан Гарос и понатаму има големи проблеми со повредите.

Тони во изјавата за шпанските медиуми изјави дека работите во денешниот тенис се променети. Кога го прашаа какви се односите помеѓу Рафа и неговиот тренер Карлос Моја изјави дека се одлично, но додаде и дека Надал игра тенис со големи проблеми.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


„Најважно е што Карлос и тој се почитуваат, тоа е неопходно. Рафа сака да продолжи да игра без оглед на здравствените проблеми кои ги има. Тоа што сакам да го кажам е дека тој не е тенисер, туку повреден тенисер кој игра тенис“, изјави Тони Надал.

На прашањето за клучот на успехот, Тони одговори дека тоа зависи од кој агол се гледа.

„Успех не е само да се освои Ролан Гарос или УС Опен, успех е напредувањето во играта, освојувањето на Грен Слем не зависи само од мене туку и од моите противниците, бидејќи не знам дали на турнирот ќе има еден или два Федерери или петмина како Ѓоковиќ, сервисот на Федерер, ритрнот на Ѓоковиќ, тоа се работи кои не зависат од мене. За некого успех е да биде најдобар, а за друг да биде помеѓу најдобрите“, смета Тони Надал.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Вистинско богатство: Познато колку заработил Надал само од големите турнири

Рафаел Надал ја заврши својата спектакуларна тениска кариера, а последниот натпревар го од…