На Килијан Мбапе кој ова лето го освои Мундијалот со селекцијата на Франција му се предвидува блескава иднина, а има и зошто.
Фудбалскиот свет во Мбапе гледа како на фудбалер кој во иднина може да доминира во европскиот и светскиот фудбал. Французинот веќе направи нешто што не им успеваше на Роналдо и Меси – освои Мундијал.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Сепак, не само во интернационалната кариера, Мбапе и на клупски план има многу подобра статистика од Португалецот и Аргентинецот во тинејџерските денови.
Имено, Мбапе на 19 години веќе зад своето има 52 погодоци, Меси на оваа возраст имал 26 погодоци, додека Роналдо 17.
Мбапе има предност и во головите во репрезентацијата, но и во Лигата на шампионите.
За репрезентацијата тинејџерската сензација има постигнато девет погодоци, додека Роналдо на тие години имал седум, а Меси четири.
Во Лигата на шампионите Кристиано Роналдо немал постигнато гол до својата 19-та година, додека Меси два пати се запишал во листата на стрелци, Мбапе веќе има 10 погодоци.
https://www.facebook.com/ifootballplanet/photos/a.182810288400445/2294196023928517/?type=3&theater