Дома Топ вести Тинејџерот кој ја „излуди“ Европа се израмни со Ван Бастен и Дрогба!

Тинејџерот кој ја „излуди“ Европа се израмни со Ван Бастен и Дрогба!

Младиот напаѓач на Ред Бул Салцбург, Ерлинг Холанд е вистинска сензација оваа сезона во Лигата на шампиони и синоќа влезе во одбрано друштво.

Норвежанецот го повтори рекордот на Марко ван Бастен, Диего Симеоне и Дидие Дрогба и стана четвртиот фудбалер кој на првите два меча во кариерата, во Лигата на шампионите, постигнал четири гола. 


Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓


Холанд постигна еден гол синоќа на Енфилд против Ливерпул и „хет-трик“ против Генк во претходното коло од ЛШ.

Притоа тој стана најмладиот играч кој постигнал хет-трик на дебито во Лигата на шампионите. Холанд не блесна само на европска сцена. Во првенството на Норвешка веќе постигна 11 голови на седум настапи.

Дека може да има блескава кариера Холанд најави претходно оваа година кога на Светското првенство за репрезентации до 20 години постави голем рекорд.

Синот на норвешката легенда Алф-Инг Холанд кој го носеше дресот на Лидс и Манчестер Сити постигна вкупно девет голови на еден натпревар.

„Татко ми постојано ми велеше дека давал голови на„ Енфилд “. Сега му одговарам – и јас“, рече Холанд. 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Дамата ги нагости граѓаните, Милан едвај, Барса го освои Дортмунд

Јувентус запиша голема победа и ја продолжи агонијата на Гвардиола, Милан едвај дојде до п…