Вечерва имаме огромен број на натпревари кои ќе се играат во рамките на Лига Европа и Лигата на конференции, па веруваме дека ќе направиме вистинска комбинација. Ова е нашиот предлог.
Сосиедад – Андерлехт – 1 @ 1.70 во Mozzart
Сосиедад ја започна неочекувано лошо новата сезона во шпанската Ла Лига. Тие забележаа само две победи, а првата на домашен терен беше во минатиот викенд во дуелот со Валенсија. Тој натпревар можеби беше најдобар оваа сезона, а гостите ги испратија со три топки во мрежата. На гости овој пат им доаѓа Андерлехт, тимот кој добро ја започна новата сезона, но делува дека се во некоја криза во последно време и тоа се докажува со резултатите од последните пет натпревари. Наш предлог на овој натпревар е 1 со квота 1.70 во Mozzart.
Хајденхејм – Олимпија – 1&2+ @ 1.90 во 22Bet
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Иако домаќините се дебитанти на европската сцена, се работи за тим од германската Бундеслига, а познато е колку е силно ова натпреварување. Во домашното првенство, Хајденхејм играат одлично и оваа сезона и после пет изиграни кола се наоѓаат на високото шесто место. Олимпија е на чело на табелата и се уште е без порази со бод повеќе од Марибор. Ние сметаме дека домаќините се далеку поквалитетни и дека ќе успеат да победат без поголеми проблеми. Наш предлог е 1&2+ со квота 1.90 во 22Bet.
Билбао – АЗ Алкмар – 1 @ 1.73 во Bet365
Уште еден баскијски клуб игра во Лига Европа. Атлетик го започна ова натпреварување со реми на Олимпико против Рома, а црвено-белите изедначија во финишот од натпреварот. Ниту вториот ривал не е ништо полесен, поточно на Сан Мамеш доаѓа Аз Алкмар. Холанѓаните веќе години наназад играат во Европа, поточно во Лига Европа или Лига на конференции. Домаќините во последните пет натпревари немаат пораз, додека Алкмар има четири победи, а во последното коло изгубија од Утрехт. Ние овде очекуваме домаќините да ги земат трите бода и типуваме 1 со квота 1.62 во Bet365.
ВКУПНО КОЕФИЦИЕНТ ЗА ОВОЈ ТИКЕТ ВО Bet365: 5.59
Извор: Тикет на денот од Kladenje.mk