Без поголеми проблеми денес успеавме да составиме тикет бидејќи понудата е фантастична и се надеваме дека правилно ќе ја искористиме. Ова е нашиот предлог тикет за денес.
Ленс – Лион – ГГ @ 1.70 во Mozzart
Екипата на Ленс се снајдува одлично засега и во моментов се наоѓаат на 6-та позиција на табелата со 19 освоени бода, а ако продолжат со ова темпо, дефинитивно ќе се замешаат во борбата за Европа што би било голем успех за овој тим. Лион од друга страна е на дното на табелата и ниту најголемите песимисти не очекуваа вакво издание за овој тим. Го имаат буквално последното место и досега собраа само седум бода. Ленс е во подобра позиција, но ние сепак решивме да го избегнеме конечниот исход и да ви дадеме предлог на голови. Типуваме ГГ со квота 1.70 во Mozzart.
Штутгарт – Вердер – 1 @ 1.40 во 22Bet
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Швабите се едно од најпријатните изненадувања во досегашниот тек од Бундеслига. Имено, тимот на Штутгарт е на одличната 3-та позиција, па фановите на овој клуб се комплетно задоволни. Вердер пак е на средината на табелата, но во последно време потфрлија и на последните три натпревари немаат победа, поточно запишаа две реми и пораз во последното коло од тимот на Волфсбург. Сите параметри овде покажуваат дека Штутгарт ќе земе нови три бода, па типуваме 1 со квота 1.40 во 22Bet.
Жирона – Валенсија – 1 @ 1.70 во 20Bet
Жирона е на делба на првото место заедно со Реал Мадрид, но во последното коло направија кикс. Можеби тоа и не е толку голема грешка бидејќи зедоа бод против Билбао, тим кој не смее да се потцени. За противник овој пат го имаат тимот на Валенсија. Тие не прикажаа досега ништо посебно, поточно може да кажеме дека ги видовме во едно просечно издание и освен навремен опстанок не сме оптимисти дека можат да остварат поголем успех. Како и да е, ние сме на страна на домаќините и типуваме 1 со квота 1.70 во 20Bet.
Брентфорд – Лутон – ГГ @ 1.91 во Bet365
После одличната серија резултати, екипата на Брентфорд запиша два последователни порази во домашното првенство. До некаде тоа и не се грешки бидејќи ги запишаа од Арсенал и Ливерпул, па сега на овој дуел влегуваат со лошо расположение. Лутон благодарение на победата против Кристал Палас за момент се оддалечи од црвената зона, но големо е прашањето колку долго ќе останат надвор од неа. Ние веруваме дека головите на овој дуел нема да изостанат и типуваме ГГ со квота 1.91 во Bet365.
ВКУПНО КОЕФИЦИЕНТ ЗА ОВОЈ ТИКЕТ ВО Bet365: 7.73
Извор: Тикет на денот од Kladenje.mk