Дома Тикет на денот Тикет на денот (понеделник, 26.08.2024)

Тикет на денот (понеделник, 26.08.2024)

Понудата не е баш идеална овој понеделник, но има од се по малку. Тука се и натпреварите од оние најдобрите лиги, но има нешто и од послабите. Ова е нашиот предлог тикет за денес.

Каљари – Комо – 1 @ 2.18 во Mozzart

Комо е дебитант во Серија А и сигурно е дека ќе им треба време за адаптација во најјакиот ранг од италијанскиот фудбал. Проблем е што тој период не смее да биде предолг и ако заостанат на стартот тешко дека ќе се вратат и дека ќе можат да ги надоместат изгубените бодови. Каљари пак со 4 бода од првите два натпревари се сосема задоволни од учинокот. Ова е прв дуел на овие две екипи во елитниот ранг, а пред две години се сретнаа во Серија Б. Овде ние очекуваме дека домаќините ќе слават и типуваме 1 со квота 2.18 во Mozzart.

Картагена – Сарагоса – 2 @ 2.62 во 22Bet


Лондонско дерби во Премиер лига, Миовски против Барса во Ла Лига ↓↓↓


Минатата седмица започна и шпанската Сегунда, една од најинтересните и најнепредвидливите лиги во Европа. Секоја сезона сме сведоци на големи борби, како за промоција во Ла Лига, така и за опстанок. После премиерните натпревари, Сарагоса се многу позадоволни од Картагена. Тие гостуваа кај Кадиз и остварија победа со 4-0, па на овој дуел влегуваат со одлично расположение. Од друга страна, домаќините беа поразени во Бургос и покрај тоа што први заводија на тој натпревар. Ние веруваме дека Сарагос ќе победи без поголеми проблеми и типуваме 2 со квота 2.62 во 22Bet.

Алесунд – Брин – 2 @ 2.59 во Bet365

Норвешкиот второлигаш ќе игра вонредно овој понеделник. Тие беа слободни за викендот и не се испотрошија кој знае колку за време на викендот и минатата седмица. Второпласираниот Брин оди на гостување кај Алесунд, тимот кој во претходната година испадна од елитата. Моментално домаќините се на 14-то место и таа позиција носи играње во бараж, но имаат само еден бод повеќе од претпоследниот тим на Старт. Гостите се без пораз во последните шест рунди и во тој временски интервал запишаа четири победи и две реми. Наш предлог за овој натпревар е 2 со квота 2.59 во Bet365.

Извор: Тикет на денот од Kladenje.mk

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тикет на денот

Проверете

Тикет на денот (петок, 13.09.2024)

Денес бележиме повраток на клупскиот фудбал после малата пауза, па понудата за обложување …