Денес е денот кој се наоѓа на средина помеѓу одличен викенд и почетокот на Лигата на шампиони и Лига Европа. Денешната понуда е релативно послаба, но тоа не значи дека ќе ве оставиме без тикет на денот. Ова е нашиот предлог за денес.
Лацио – Верона – 3+ @ 2.05 во Mozzart
Небесно плавите од Рим во новата сезона влегоа без Имобиле и Луис Алберто, поточно двајцата играчи кои носеа радост на фановите во претходните години. Во првите три кола изиграа доста променливо и запишаа победа против Венеција, а потоа беа поразени од Удинезе. Реми со резултат 2-2 остварија против Милан и општиот впечаток е дека овој тим одлично се снајдува. Верона пак делува стабилно и за нив приоритет е да обезбедат навремен опстанок, а како што стојат работите, тие се на добар пат да го остварат тоа. Ние овде очекуваме отворен и ефикасен дуел со најмалку три погодоци. Типуваме 3+ со квота 2.05 во Mozzart.
Хамарби – Норчепинг – 1&3+ @ 2.20 во Bet365
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Хамарби игра одлично во последно време и за тоа доказ ни се резултатите од последните пет натпревари каде што овој тим запиша три победи и две реми. Во моментов се наоѓаат на втората позиција на табелата со 39 бода и веруваме дека до крајот ќе се борат за пласман во квалификациите за Европа. Норчепинг пак игра релативно лошо особено во последните три натпревари каде што запишаа едно реми и два порази. Домаќините на овој дуел се издвојуваат како фаворити, а ние очекуваме да победат без поголеми проблеми. Типуваме 1&3+ со квота 2.20 вo Bet365.
ВКУПНО КОЕФИЦИЕНТ ЗА ОВОЈ ТИКЕТ ВО Bet365: 4.51