Пред нас е уште еден богат викенд, а потоа следува двонеделна пауза во првенството поради почетокот на новото издание на Лигата на нации. Ова е нашиот предлог тикет за денес.
Венеција – Торино – ГГ @ 1.89 во Mozzart
Повратникот во елитата веќе во третото коло за прв пат ќе настапи пред своите фанови. Распоредот не беше добар за Венеција и во првите две кола гостуваа кај Лацио и Фиорентина. Еден бод од тие два натпревари не е лош учинок кога ќе се земе се во обзир. Торино пак се покажа во одлично светло и има 4 бода, а се сретнаа со Милан и Аталанта. Можеа да земат и цел плен на Сан Сиро, но Росонерите не го дозволија тоа. Овде очекуваме отворен и ефикасен натпревар, па типуваме ГГ со квота 1.89 во Mozzart.
Лутон – КПР – 1 @ 1.82 во 22Bet
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Само три дена после дуелот на овие два ривали во второто коло од ЕФЛ купот следува нивниот дуел во првенството. КПР славеше во Лига купот и после пеналите се пласираа во третата рунда, а сега ќе се игра на Кенилворт во Лутон и домаќините немаат многу избор, туку мора да дадат се од себе за да стигнат до рпвата победа во оваа сезона. Лутон има само еден бод од првите три кола, а ниту КПР не е нешто многу поуспешен. Ние овде очекуваме 1 со квота 1.82 во 22Bet.
Галвеј – Дери Сити – Х2&0-2 @ 1.97 во Bet365
Шампионатот на Република Ирска влегува во последна фаза, а се уште не може да се предвиди кој ќе биде новиот првак. Дери во моментов е лидер и има ист број бодови како и Шелбурн кој има и натпревар помалку. Гостите се во добра форма и може да кажеме дека навреме испаднаа од Европа, па сега можат да се посветат на домашното првенство. Галвеј е нов тим во лигата и овој тим се бори за излез во Европа, но тоа нема да биде воопшто лесна мисија. Како и да е, овде ние типуваме Х2&0-2 гола со квота 1.97 во Bet365.
ВКУПНО КОЕФИЦИЕНТ ЗА ОВОЈ ТИКЕТ ВО Bet365: 6.78
Извор: Тикет на денот од Kladenje.mk