Денешниот ден е само вовед во одличниот фудбалски викенд. Ова е нашиот предлог тикет за денес.
Милан – Лече – 1&2+ @ 1.58 во Mozzart
Росонерите беа фантастични во дербито против Интер и со таа победа им дадоа нова надеж на фановите, а на тој начин се спаси и Фонсека. Тоа сепак не значи дека со наредниот пораз нема да биде испуштен. Амбициите им се насочени кон врвот на табелата, но имаат и сериозна конкуренција, па оваа сезона нема да биде лесна за Милан. На гости им доаѓа Лече. Тие во претходните две гостувања во Милано си заминуваат поразени, па со оглед на тоа дека не играат нешто посебно, очекуваме повторно да биде така. Наш предлог е 1&2+ со квота 1.58 во Mozzart.
Ваљадолид – Мајорка – Х2&0-2 @ 1.80 во 22Bet
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Ваљадолид се врати во Ла Лига после само една сезона во Сегунда, но многу лесно може да станат второлигаши ако продолжат со ваквиот стил на игра и со серијата без победи. Една победа остварија против Еспањол на домашен терен, а потоа врзаа шест дуели без триумф. Мајорка од друга страна има 11 бода, а зад себе има две врзани победи и тоа против сериозни ривали. На овој натпревар веруваме дека неефикасноста ќе биде истакната, а исто така очекуваме и гостите да останат непоразени. Наш предлог е Х2&0-2 гола со квота 1.80 во 22Bet.
Плимут – Лутон – 0-2 @ 2.19 во Bet365
Лутон виде како е да се биде дел од Премиер лигата и сфатија дека се уште не се спремни за таква конкуренција. Имаа и добри моменти во елитата, но тоа не беше доволно за да се задржат во друштвото со најдобрите. Сега се дел од Чемпионшип, a после лошиот старт конечно врзаа две победи во последните две кола. Плимут е во уште полоша ситуација и имаат 5 бода од 6 изиграни натпревари и се многу блиску до црвената зона. Ние овде очекуваме да гледаме неефикасен дуел и типуваме 0-2 гола со квота 2.19 во Bet365.
ВКУПНО КОЕФИЦИЕНТ ЗА ОВОЈ ТИКЕТ ВО Bet365: 6.23
Извор: Тикет на денот од Kladenje.mk