Дома Тикет на денот Тикет на денот (недела, 25.08.2024)

Тикет на денот (недела, 25.08.2024)

Конечно понуда каква што сме немале во изминативе три месеци. Започнаа топ лиги, а тоа значи дека и понудата за кладење е одлична. Ова е нашиот предлог тикет за денес.

Рома – Емполи – 1 @ 1.50 во Mozzart

Тимот на Рома нема пораз во последните четири натпревари, но запишаа една победа и останатите три натпревари им се реми. Во првото коло за жал не успеаја да земат три бода и мораше да се задоволат само со еден бод бидејќи изиграа реми без голови против Каљари. Исто реми запиша и Емполи на домашен терен против Монца и исто тој дуел заврши без голови. На овој дуел веруваме дека Рома ќе доминира и дека ќе земат лесни три бода. Типуваме 1 со квота 1.50 во Mozzart.

Атлетико Мадрид – Жирона – ГГ @ 1.67 во 22Bet


Лондонско дерби во Премиер лига, Миовски против Барса во Ла Лига ↓↓↓


Атлетико Мадрид и оваа година важи за еден од поголемите фаворити за титула во шпанската Ла Лига. Сепак треба да нагласиме дека Реал и Барса оваа сезона имаат фантастични тимови, па за Јорганџиите нема да биде воопшто лесна сезона. Жирона од друга страна во минатата сезона беше најголемото изненадување во Ла Лига, па оваа година ќе бидат дел и од Лигата на шампиони. Двете екипи овде играат солидно, а искрено очекуваме да гледаме отворен и ефикасен натпревар со најмалку по еден погодок на двете страни. Типуваме ГГ со квота 1.67 во 22Bet.

Наполи – Болоња – ГГ @ 1.80 во 20Bet

Според последните резултати делува дека тимот од Неапол е во криза. Во последниот пријателски дуели против Жирона беа поразени, а потоа во купот изиграа реми во регуларните 90 минути против тимот на Модено, а во првото коло од Серија А беа убедливо поразени од Верона и тоа јасно зборува за нивната неспремност за новата сезона. Болоња од друга страна е тим кој ќе го гледаме во ЛШ оваа сезона бидејќи завршија на 5-та позиција во претходното издание од Серија А. На овој дуел очекуваме голови и тоа најмалку по еден на двете страни. Наш предлог е ГГ со квота 1.80 во 20Bet.

Волфсбург – Баерн Минхен – 2 @ 1.44 во Bet365

Волфсбург е тим кој повторно има амбиции да обезбеди пласман во Европа, но големо е прашањето колку ќе успеат во тоа бидејќи конкуренцијата оваа сезона е огромна. Во последниот дуел остварија минимална победа против Кобленц во рамките на германскиот куп, па сега може да кажеме дека со одлично расположение влегуваат на овој дуел. Гостите пак повторно се најголеми фаворити за титула во германската Бундеслига, но се очекува да направат успех и на европската сцена. Како и да е, овде ние предност даваме на Баварците и типуваме 2 со квота 1.44 во Bet365.

ВКУПНО КОЕФИЦИЕНТ ЗА ОВОЈ ТИКЕТ ВО Bet365: 6.49

Извор: Тикет на денот од Kladenje.mk

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тикет на денот

Проверете

Тикет на денот (петок, 13.09.2024)

Денес бележиме повраток на клупскиот фудбал после малата пауза, па понудата за обложување …