Уште еден фантастичен ден со одлична понуда е пред нас. На „менито“ за обложување имаме многу натпревари. Ова е нашата комбинација претставена во форма на тикет на денот.
Вест Хем – Барнли – 1 @ 1.62 во Mozzart
Вест Хем после неколкуте катастрофални изданија запишаа две последователни победи. Најпрво победија против Брентфорд, а потоа беа поуспешни и од тимот на Евертон. Сето тоа е доволно за да бидат само на сигурно и далеку од зоната за Европа. Барнли пак е дел од црвената зона и тие најверојатно ќе се преселат во Чемпионшип бидејќи конкуренцијата за опстанок е огромна. Ние овде предност даваме на домаќините и типуваме 1 со квота 1.62 во Mozzart.
Јувентус – Аталанта – ГГ @ 1.80 во 22Bet
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Јувентус има само една победа во последните пет натпревари, а тоа придонесе Интер да создаде одлична предност на лидерската позиција и во моментов Старата Дама ќе биде конкурентна само за пласман во Лигата на шампиони. Аталанта врза три неуспеси, поточно едно реми и два порази што ги доведе на 6-та позиција на табелата. Сепак овде сметаме дека имаме натпревар каде што мотивот е огромен на двете страни, па головите не би требало да изостанат. Ние типуваме ГГ со квота 1.80 во 22Bet.
Леверкузен – Волфсбург – 1/1 @ 1.82 во 20Bet
После подолг период, тимот на Леверкузен е блиску до титулата во Германија. Во 24 изиграни кола собраа 64 бода и се уште немаат пораз, па тоа јасно укажува дека лидерското место им е сосема заслужено и веруваме дека до крајот на сезоната ќе успеат да ја сочуваат оваа предност. Волфсбург од друга страна е на средината на табелата и овој натпревар го дочекуваат со лошо расположение бидејќи немаат победа во последните осум натпревари. Како и да е, очекуваме Баер Леверкузен да доминира и типуваме 1/1 со квота 1.82 во 20Bet.
Генк – Стандард – 1 @ 1.61 во Bet365
Уште малку остана од првиот дел на белгиската Жупиле лига, а потоа оваа лига ќе се подели на три групи. Генк во моментов е во првата група каде што ќе се борат за пласман во ЛШ, но до крајот треба да ја задржат моменталната позиција. Стандард пак е на 10-та позиција, а после двата врзани порази, успеаја да победат против Гент во последното коло со резултат 4-2. Генк е фаворит на овој натпревар, а ние очекуваме да земат нови три бода. Типуваме 1 со квота 1.61 во Bet365.
ВКУПНО КОЕФИЦИЕНТ ЗА ОВОЈ ТИКЕТ ВО Bet365: 8.54
Извор: Тикет на денот од Kladenje.mk