Дома Тикет на денот Тикет на денот (недела, 01.09.2024)

Тикет на денот (недела, 01.09.2024)

Првиот ден од септември ни носи фантастична понуда и веруваме дека ќе имаме среќа да бидеме добитни. Ова е нашиот предлог тикет за денес.

Челзи – Кристал Палас – 1 @ 1.60 во Mozzart

Минатата сезона беше за заборавање за тимот на Челзи. Тие не прикажаа ништо посебно, а веруваме дека оваа сезона ќе се оправдаат за тоа. Во првите две кола запишаа една победа и еден пораз, па сега се наоѓаат на средината на табелата. Овој пат во гости им доаѓа тимот на Кристал Палас кој врза два порази и на овој дуел влегува со многу лошо расположение. Ние веруваме дека Челзи ќе може да победи на овој натпревар и типуваме 1 со квота 1.60 во Mozzart.

Баерн Минхен – Фрајбург – 1/1 @ 1.62 во 22Bet


Лондонско дерби во Премиер лига, Миовски против Барса во Ла Лига ↓↓↓


Екипата на Баерн Минхен е повторно најголем фаворит за титула во Германија и искрено имаат тим за да го остварат тоа. Во премиерното издание запишаа победа на гостувањето кај Волфсбург, па сега со одлично расположение влегуваат во овој натпревар. Фрајбург исто така зедоа важни три бода на премиерниот дуел против Штутгарт во еден натпревар каде што беа многу доминантни. Овде Баварците очекуваме да победат без поголеми проблеми, па типуваме 1/1 со квота 1.62 во 22Bet.

Јувентус – Рома – 1 @ 1.73 во 20Bet

Ако денот се познава по утрото, тогаш оваа сезона би требало да биде фантастична за тимот на Јувентус. Тие имаат амбиции за титула, а со оглед на добриот старт може да кажеме дека се сериозни во таа намера. Во првите две кола запишаа две победи со резултат од 3-0. Рома пак започна катастрофално. Зедоа бод во првиот натпревар од Серија А, а потоа беа поразени од Емполи и тоа на домашен терен. Веруваме дека на овој дуел Јувентус ќе ја искористи лошата форма на Рома и дека ќе победи без поголеми проблеми. Типуваме 1 со квота 1.73 во 20Bet.

Лил – ПСЖ – ГГ @ 1.67 во Bet365

Последниот натпревар за денешниот тикет ни доаѓа од француската Лига каде што ќе се сретнат екипите на Лил и ПСЖ. Домаќините започнаа фантастично и досега запишаа две последователни победи без да примат гол, додека гостите имаат ист учинок, а гол разликата од 10:1 ни потврдува дека ПСЖ и оваа година ќе игра офанзивно и дека има високи цели. Според букмејкерите, на овој дуел Парижаните се благи фаворити, а ние решивме да го избегнеме конечниот исход и да ви дадеме предлог на голови. Типуваме ГГ со квота 1.67 во Bet365.

ВКУПНО КОЕФИЦИЕНТ ЗА ОВОЈ ТИКЕТ ВО Bet365: 7.49

Извор: Тикет на денот од Kladenje.mk

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тикет на денот

Проверете

Тикет на денот (сабота, 14.09.2024)

Денес имаме комплетна понуда бидејќи на сцена се врати клупскиот фудбал. Ова е нашиот пред…